Насловна / Вести / „Жикол“ ќе го градат новиот Луна парк за 1,6 милиони евра

„Жикол“ ќе го градат новиот Луна парк за 1,6 милиони евра

По неколкугодишни најави, одлагања, промени во плановите, Град Скопје одлучи кој ќе го гради новиот Луна парк, информира „Утрински“. Минатата недела градските власти потпишаа договор со струмичката фирма „Жикол“. Според објавениот договор, изградбата ќе чини околу 1,6 милиони евра, а во документот е наведено дека изведувачот има обврска да ги заврши градежните зафати во рок од 22 месеци.луна-парк скопје
Во меѓувреме, надлежните распишаа нов тендер за купување на потребните реквизити. Иако пред неколку месеци имаше идентичен оглас, тој не заврши успешно. Во случајов е проценето дека за реквизитите ќе се потрошат околу 1,7 милиони евра. Градот бара да купи два адреналински реквизита, шест парчиња семејни и 18 детски реквизити.
Готовиот проект предвидува новиот Луна парк да се простира на површина од околу 40.000 квадратни метри. Освен на постојниот простор, за новото забавно катче е предвиден и просторот во насока на каналите и езерцето во Градски парк.луна парк2

Паркот ќе го сочинуваат административни објекти, нови забавни реквизити за возење во согласност со европските стандарди за безбедност, објекти за служење храна и пијалаци, за продажба на сувенири, затворен дел за играње, паркинг… Проценето е дека новиот Луна парк годишно ќе има 200.000 посетители, најмногу семејства и деца до 15 години.
Засега е сигурно дека за новиот парк ќе се трошат пари само од градскиот буџет.

Еден коментар

  1. Градскиот парк треба да остане градски парк, а не да се става во функција на некаков си Луна Парк за деца, особено не да се проширува кон каналите и езерцата. Градскиот парк е и онака катче за разонода и е сосема доволенбез никакви реквизити во него. Повеќе од доволни се клупите и зеленилото, се понатаму би го уништило и огрдило и онака единственото останато зеленило во општина Центар и во Скопје. Нови паркинзи и бетонирани површини во градскиот парк би биле злостор!

    Или да се најде нова локација за Луна паркот или паркот да остане во рамките на сегашниот без никакви нови зафати и бетонирања на површини надвор од него. Стоп за уништување на зеленилото и структурата на градскиот парк на Скопје !!!

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top