Насловна / Вести / Жардиниери за запазување на секој градинарски стил

Жардиниери за запазување на секој градинарски стил

5

Сите бенефити од зеленилото се добро познати во денешно време. Исто така, познато е колку се значајни сите растенијата особено во оние урбани средини каде што преовладува бетонот и асфалтот. Поради недостиг на доволно зеленило во овие реони, луѓето свесно ги уредуваат своите балкони и рамни кровови. Наједноставен начин на уредување на овие површини е употребата на контејнери, односно жардиниери. Со нивна примена може да се запази кој и да било градинарски стил и да се одгледаат омилените растенија.9

Поголемите садници, според нивните потреби за простор за  развивање на коренот, ќе ја одредат и големината и формата на жардиниерите, со што физичките и хемиските својства на медиумот би биле оптимизирани, со цел да се обезбеди долготраен раст и развој на коренот, а воедно и на растението во целина.

13

Жардиниерите се многу практични за уредување на кровните градини каде што не може да се изведат интензивни кровни градини или треба да се преземат поголеми градежни зафати. Со нив лесно се решава проблемот за уредување со примена на поголеми садници.

Во однос на дизајнот, жадиниерите може да се изработат речиси во сите форми и бои, а во однос на материјалот од кој ќе бидат изработени се среќаваат: бетонски, мермерни, керамички, пластични, алубонд, дрвени и др.3

Употребата на бетонските жардиниери на балконите и крововите не се практикува многу, пред сè поради нивната тежина, како и тоа што ја задржуваат топлината до доцна во ноќта.

Големите керамички жардиниери имаат слични недостатоци како и бетонските, иако имаат потенки ѕидови, полесни се, пред сè поради тоа што не се армирани. Тие се неизбежнен декор доколку сакаме да доловиме медитерански амбиент во просторот што го уредуваме, под услов да не бидат обоени или глазирани, туку да си ја имаат природната теракотна боја.2

Жардиниерите од алубонд се многу декоративни ако сакаме да постигнеме модерен ефект во уредувањето. Тие се лесни, лесно се одржуваат, не кородираат. Како недостаток може да им се препише повисоката цена на чинење за разлика од останатите материјали.12

Пластичните жардиниери или оние од ратан пластика, исто така многу често се користат во уредување. Тие се многу лесни, едноставни за одржување, доколку се изработени од квалитетна пластика имаат доста долг век на траење, иако многу често се деформираат доколку се изложени на директна топлина.

11

Дрвените жардиниери се едни од најупотребуваните за уредување на овие простори. Лесни се за изведба и одржување, а воедно се и доста декоративни.8 7 6 1

Можат да се изведат од различни видови на дрво, во различни форми, да се лакираат и обојат. Како недостаток им се препишува тоа што секогаш мора внатрешноста да биде обложена со лим, тефонд или некој друг водонепропустлив материјал, за да се продолжи нивниот век на траење. Тоа важи и за оние жардиниери изработени од дрво банкерај, затоа што и покрај тоа што е водонепропустливо со тек на време може да мувлоса.

Испрати коментар

Scroll To Top