Насловна / Вести / И Зеница е град во кој обичното дишење претставува борба

И Зеница е град во кој обичното дишење претставува борба

DCIM100MEDIADJI_0052.JPG

Светскиот гигант во производството на челик ArcelorMittal, не успева да постигне минимум стандарди за заштита на животната средина кога е во прашање нивната фабрика во централна Босна, пишува британскиот  The Guardian. Големата железарница во Зеница работи без важечки дозволи и ветуваните реконструкции на системите со цел намалување на емисијата на штетни гасови.

Zenica protest zagaduvanje

Кога во 2004 година Mittal ја купил железарницата во Зеница, ветувани се бројни инвестиции за почиста животна средина. Но денес, повеќе од една деценија подоцна, многу од овие проекти не се завршени. Градот со околу 100.000 жители одамна е познат по производството на челик, според кој е наречен и локалниот фудбалски клуб.

Zenica Mittal protests Dec2

Високите оџаци доминираат во изгледот на градот, а концентрацијата на сулфурен диоксид неретко ги надминува максимално дозволените вредности според ЕУ стандардите за повеќе од 150 пати. Граѓаните веќе одамна протестираат за своето право за чист воздух, но надлежните во Федерацијата на БиХ се уште немаат решение.

 

 

 

Извор: The Guardian

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top