Насловна / Вести / Зелена оаза на плочникот во Градски sид

Зелена оаза на плочникот во Градски sид

Плочникот во Центар зад поранешна „Агромеханика“, ќе биде нова, мала, зелена оаза сред бетонот, идеално и мирно место за дружење и рекреација на станарите и посетителите.

На оваа локација, општина Центар целосно го реконструира зеленилото во трите големи бетонски и повеќето помали жардиниери, кои се наоѓаат на платото опкружено со високи станбени комплекси и на место каде што нема зелени парковски површини.plochnik-gradski-dzid-8

Проектот што започна да го реализира општината, предвидува модерно, разиграно и необично хортикултурно уредување на просторот. Предвидените високи садници се скулптурални и високо декоративни, а перените и граминеите околу нив ќе внесуваат боја во различни периоди од годината.plochnik-gradski-dzid-6

Околу групациите подигнати на различни нивоа, се поставува тревен бусен со најдобар квалитет. Ќе се засадат 6500 растенија на површина од над 1070 м2. Малите жардиниери се садат со зимзелени грмушки и листопадни ползавци, кои ќе ја менуваат бојата на есен. Се поставува и нов автоматски систем за наводнување на жардиниерите, со што ќе се овозможи навремено и комплетно наводнување на садниците, а со тоа и нивен повитален раст и развој.

Претходно, во централниот дел на просторот, општина Центар постави ново детско модерно игралиште.plochnik-gradski-dzid-7 plochnik-gradski-dzid-5 plochnik-gradski-dzid-9 plochnik-gradski-dzid-3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top