Насловна / Вести / Заврши конкурсот за салата „Градски парк“ – пристигнати 15 труда

Заврши конкурсот за салата „Градски парк“ – пристигнати 15 труда

Зарши конкурсот за избор на идејно решение за повеќенаменската спортска сала „Градски парк“, што го распиша Oпштина Центар. По барање на архитектите рокот беше продолжен и конкурсот траеше 60 дена.

Пристигнати се 15 труда, а жири-комисијата деновиве ќе ги оценува трудовите и јавноста ќе биде транспарентно известена. По ова, Општина Центар ќе организира изложба на наградените.

Добитникот на првата награда за избрано наградно решение ќе добие 300.000 денари, за второто наградено дело 180.000 денари, а третонаградениот ќе добие 120.000 денари.работнички

Комисијата ќе ги цени трудовите според однапред утврдени критериуми: оригиналност, креативност, инвентивност, функционалност, естетика.

Општина Центар ќе гради повеќенаменска спортска сала со капацитет до 3.000 седишта, што ќе ги задоволи меѓународните стандарди за современо спортување на европско и светско ниво.

Ова е трет проект од ваков тип со кој се избираат најдобрите трудови и се мотивираат архитектите. Досега транспарентно, на конкурс, се избрани најдобрите трудови за новото основно училиште во Капиштец и за објектот „Езерце“.

Испрати коментар

Scroll To Top