Насловна / Архитектура / Запрена изградбата на најтесниот облакодер во светот

Запрена изградбата на најтесниот облакодер во светот

Njujork Najtenok oblakoder na svetot2

Поради превисоки трошоци, запрена е изградбата на тесниот и екстра висок облакодер на Менхетн, дело на компанијата SHoP Architects. Овој облакодер на локацијата 111 West 57th Street, наводно за 50 милиони долари го пречекорил буџетот, па главниот инвеститор поднел тужба. Затоа, работите на градилиштето се прекинати на неопределено време. Досега се изградени само 20 ката. Њујоршката компанија SHoP Architects ја проектирала кулата со височина од 433 метри и има однос на височината и широчината од 24:1, со што ја има титулата „најтесен облакодер на светот“.

Njujork najtenok oblakoder na svetot1

Лоцирана е во делот од Менхетн кој е наречен „Billionaire’s Row“, кој е карактеристичен по високите облакодери како „432 Park Avenue“ и „One57“.  Сите три кули се во категоријата екстремно високи, односно категорија во која се вбројуваат сите кули со височина од 300 до 600 метри.

Во тужбата од инвеститорот, против компанијата Spruce Capital Partners, се тврди дека последниве занемариле некои клучни позиции при пресметката на буџетот, како на пример дигалки и друга опрема, чие изнајмување во Њујорк чини милиони долари.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top