Насловна / Вести / Започна проектот за регулација на речното корито на Липковка

Започна проектот за регулација на речното корито на Липковка

 Regulacija na Lipkovska reka1

Започна реализацијата на проектот за регулација на речното корито на реката Липковка. Таа ќе се одвива во две фази. Втората фаза ќе опфати чистење и на реката Којнарка. Проектот денеска го пресентираа градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски, претставникот на УНДП, Луиза Винтон, како и aмбасадорката на Кралство Јапонија, Кеико Ханеда и министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку.

Regulacija na Lipkovska reka

По втората фаза ќе следи и трета, во која е предвидено изградба на мостови и околу стадионот „Башкими“. Проектот треба да  се заврши до крајот на годината. Средствата се обезбедени од неколку субјекти, УНДП, Амбасадата на Јапонија, која е еден од поголемите донатори во самиот проект, Министерството за животна средина и просторно планирање  и локалната самоуправа. Локалната самоуправа потпипша договор и во тек е исплатата на сите средства во висина од двеста илјади евра, министерството исто така ќе донира околу двеста илјади евра, останатите средства ќе бидат обезбедени од амбасадите.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top