Насловна / Вести / Заедничка акција за пример: Собран отпадот од брегот и водите на езерото Матка

Заедничка акција за пример: Собран отпадот од брегот и водите на езерото Матка

FOTO_1По успехот на минатогодишната акција за чистење на кејот на Вардар, вработените и членовите на менаџерскиот тим на Пивара Скопје, организираа нова волонтерска еко-акција, односно чистење на брегот и водите на езерото Матка.FOTO_2

Во новата акција под мотото „Рециклирате ли?“, покрај минатогодишните партнери – компанијата Пакомак и Амбасадата на Холандија во Македонија, се приклучија и Британскиот амабасадор со неговиот тим, како и нуркачите од спелеолошкото друштво „Врело“, кои беа задолжени за вадење на неорганскиот отпад од водите на езерото.

„Среќен сум што денеска заедно со моите колеги, вработените во Пивара Скопје и нашите пријатели и партнери, одново покажавме дека кога се работи за животната средина, подготвени сме, покрај како организации и компании, да делуваме и како идивидуи, вложувајќи дел од нашето работно време и енергија со цел ја зачуваме природата чиста и здрава. Истовремено, на ваков начин придонесуваме и за остварување на националните цели и таргети во управувањето со отпадот од амбалажа, што е значајно за целата земја“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ.FOTO_3

„Македонија е земја со прекрасна природа која сите ние треба да ја почитуваме и заштитуваме. Се надевам дека ваквите акции ќе бидат пример и поттик за сите граѓани и посетители на овој живописен предел дека одговорноста за зачувување на оваа убавина лежи во секој од нас“, смета британскиот амбасадор, Чарлс Гарет.

За холандскиот амбасадор, кој по вторпат учествува во еко-акциите што ги организира Пивара Скопје, ова претставува најдобар начин како да се зголеми јавната свест за проблемот со загадувањето. „Луѓето многу често сакаат да дебатираат за глобалните проблеми, без да се запрашаат дали и тие лично придонесуваат за нив. Гледајќи го проблемот со загадувањето на придодата во оваа или било која друга земја, мојот апел до сите граѓани е дека време е секој од нас, размислувајќи глобално, да почне да делува и локално“, дециден е холандскиот амбасадор, Ваутер Пломп.FOTO_9

Целокупната логистичка поддршка за собирање, транспорт, селектирање и рециклирање на собраниот отпад од оваа еко-акција ја обезбеди компанијата Пакомак, чија основна дејност е управување со отпадот од пакување. „Како компанија која силно е посветена на минимизирање на било какви несакани ефекти од амбалажниот отпад врз животната средина, нѐ радуваат вакви акции, бидејќи тие покажуваат дека не сме осамени во остврувањето на нашата мисија. Охрабрени од придонесот од ваквите акции, сметаме дека поставените цели и таргети во поглед на управувањето со отпадот од амбалажа до 2020-та година, не само што се остварливи, туку заеднички можеме и да ги надминеме“, вели Ико Брдароски, менаџер за грижа на корисници во Пакомак.FOTO_4

Следејќи го глобалното лидерство на групацијата Coca-Cola HBC во доменот на одржливиот развој, како и практиките за одржливост на Heineken, Пивара Скопје спроведува континуирани  активности насочени кон правилно управување со отпадот од амбалажа, како и намалување на потрошувачката на енергија и вода. За своите досегашни заложби во овој домен, како и остварените резултати во заштита на животната средина, Пивара Скопје, заедно со останатите членки на Coca-Cola HBC групацијата, и оваа година, по четврти пат последователно, е прогласена за светски лидер во одржливост, според глобално рангирање кое го прави „Дау Џонс индекси за одржливост“.FOTO_11

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top