Насловна / Вести / Wi-Fi станува минато, доаѓа Li-Fi со брзина од 224 гигабити по секунда

Wi-Fi станува минато, доаѓа Li-Fi со брзина од 224 гигабити по секунда

wifi lifi

Во иднина дефинитивно ќе слушнеме многу повеќе за Li-Fi технологијата на безичен пренос на податоци со огромна брзина и тоа користејќи видлива светлоска комуникација (VLC).

Научниците ја тестирале оваа технологија и успеале да остварат брзина од 224 гигабити по секунда, а потенцира дека оваа технологија ќе го промени се она што денес го знаеме за интернетот.

Во Талин, Естонија е испробана Li-Fi технологијата и успеале да достигнат брзина на пренос на податоци е еден гигабајт по секунда, што е сто пати побрзо од просечната брзина на денешниот „ваерлес“.

Li-Fi технологијата ја осмислил Харалд Хас од Универзитетот во Единбург во 2011 година кога прв пат демонстрирал како палење и гаснење на светло на една ЛЕД сијалица може да пренесе многу повеќе податоци отколку мобилните пренесувачи.

li-fi

Оваа технологија користи VLC посредник кој користи видливо светло измеѓу 400 и 800 терахерци. Таа функционира каок неверојатно напреден облик на Морзеовата азбука, како палењ еи гаснење на батериските лампи за да се напише порака. На ист начин ЛЕД сијалицата кога се вклучува и исклучува со голема брзина може да се користи за пишување и пренос на податоци во бинарен код.

Во прашање е толкава брзина на вкулучување и исклучување на светлото која не е видлива за човековото око. Една од бенефициите на оваа технологија во однос на денешната е тоа што светлината не може да минува низ ѕидови што го прави многу побезбеден и секако уредите ги прави помалку изложени на меѓусебно мешање и влијание.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top