Насловна / Архитектура / Врвна летна резиденција во Грција

Врвна летна резиденција во Грција

Сместена во поле со маслинки во јужниот дел на Пелопонез во Грција, оваа летна резиденција се карактеризира со зелен покрив во облик на грчката буква ипсилон и има двојна функција.

Со својот интересен изглед и севкупниот концепт, овој објект ги привлекува сите што го виделе, како што сирените ги привлекувале морнарите.архитектура во грција_2

Оваа фантастична куќа совршено се вклопува во опкружувањето, па од височина или од дистанца тешко може да се сфати дека ова е резиденција која ја направиле архитекти од архитектонското студио LASSA.архитектура во грција_1

Необичниот покрив се „рачва“ на три гранки, правејќи ја симболичната буква Y, а фантастичната куќа нуди спектакуларен поглед на заливите и планините.архитектура во грција_3

Висината на куќата е ограничена со висината на околните маслинови дрвја, со цел да не се наруши околниот пејзаж и објектот совршено да се интегрира во природата.архитектура во грција_4

Ентериерот на луксузната куќа е поделен на две главни области. Една приватна, која се состои од три спални соби и две купатила и една друштвена област, каде што има дневна соба и кујна, со пристап до трите дворови кои ја опкружуваат куќата и спектакуларниот базен.архитектура во грција_5

Иако резиденцијата се наоѓа на оддалечена локација, а буџетот бил ограничен, архитектите велат дека голем дел од овој проект е направен рачно и со производство на нестандардни елементи, како што се столарија, прозорци и мебел.архитектура во грција_6

Оваа фантастична куќа била завршена за само седум месеци работа без да се надмине  планираниот буџет користејќи ги локалните материјали како што се бетон, мермер и терацо.архитектура во грција_7 архитектура во грција_8 архитектура во грција_9

Испрати коментар

Scroll To Top