Насловна / Архитектура / Врачена наградата „Андреја Дамјанов“

Врачена наградата „Андреја Дамјанов“

Tokarev nagrada
Синоќа во црквата „Света Богородица“ на Михаил Токарев, архитект и професор во пензија,  свечено му беше врачена наградата на Асоцијацијата на архитекти на Македонија за особени дострели и личен придонес во развојот на  архитектурата во Македонија – „Андреја Дамјанов“ за 2013 година. Пред многубројните гости, колеги и поклоници на делото на Токарев за неговото творештво зборуваше претседателката на ААМ, Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ, која истакна дека тој во својата работа се занимава со едукација,проектирање, издаваштво и нагласи дека е еден од ретките кој има пишано творештво за целата современа архитектонска мисла.

tokarev-nagrada_2
Образложувајќи ја одлуката на комисијата која му ја додели наградата, членот на Академијата на ААМ, архитектот Трајко Димитров, го нагласи неговото публицистичко творештво, посебно проектот, трилогијата, 100 години модерна архитектура, како и бројните текстови посветени на архитектурата, голем дел од кои се објавени во „Порта3“.- Се она што го сработи и остави зад себе во областа на архитектурата, како извор и судбина е патоказ за во иднината што е пред нас, рече Димитров.

tokarev-nagrada_1
Заблагодарувајќи се на наградата Михаил Токарев изјави дека посебно е радосен, бидејќи наградата доаѓа од струката.

Испрати коментар

Scroll To Top