Насловна / Вести / Воз на соларен погон: Индиската железница штеди и ја чува животната средина

Воз на соларен погон: Индиската железница штеди и ја чува животната средина

Indija solaren voz1

Индиската железница го унапреди својот возен парк вградувајќи соларни панели на покривите на одреден број вагони. Неодамна првите обновени вагони наречени Diesel Electric Multiple Unit, се пуштени во работа во Њу Делхи. И покрај оваа новина, вагоните и натаму ќе ги влече дизел локомотива, но енергијата која ќе се добива од соларните панели ќе се употребува за унапредување на удобноста во текот на патувањето како на пример за светла, екрани со информации и вентилатори. Сепак, вработените во индиската железница процениле дека само една композиција со шест вагони опремени со соларни панели би можела годишно да заштеди 21.000 литри дизел гориво, односно околу 20.000 УСД.

Solar Powered Environment friendly DEMU trains to be introduced in Delhi

Индиската железница е најголемата железничка мрежа во Азија, со приближно 11.000 поаѓања и 13 милиони патници на дневно ниво. Само во текот на 2015 година, потрошени се 2,5 милијарди УСД за набавка на дизел гориво. Со цел да биде намалена потрошувачката на гориво, индијците се обидуваат да ги интегрираат соларните панели во железничкиот систем во што поголем обем. Се проценува дека овој вид на инвестиции во наредните 10 години ќе може да заштеди 6,31 милијарди УСД.

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top