Насловна / Вести / Водни балони замена за пластичните шишиња

Водни балони замена за пластичните шишиња

Пластичните шишиња со вода наскоро би можело да бидат минато, благодарение на водни меурчиња за јадење и пиење.

Пред три години, инженери од британската организација Skipping Rocks Lab изработиле водни балони кои се јадат.Ooho

Сега тие собираат средства за да може нивниот производ, наречен The Ooho, да се најде на пазарот. „Нашата мисија е амбалажниот отпад да исчезне“, изјавиле инженерите.

Ooho претставува одржлива замена за пластичните шишиња и чаши. Балоните се направени од натриум алгинат, земен од  кафеави алги и  калциум хлорид. Балоните се целосно биоразградливи и природни, па може слободно да се јадат.Oohoo1

Овие флексибилни балони се исполнети со вода, и на нив може да се направи дупче и водата да се испие, или може да се конзумираат цели.

Можат да се користат и за пакување на разни други течности за пиење, па дури и за козметика.

Секој балон содржи 250 мл. вода, а изработката чини само два центи.voda

Тимот се надева дека ќе почне со продажба на нивните балони на музичките фестивали и маратоните во рок од 12 месеци.

Испрати коментар

Scroll To Top