Насловна / Арт и дизајн / Во Париз поставена изложба на реплика на собата во која живее Асанж

Во Париз поставена изложба на реплика на собата во која живее Асанж

Веродостојна реплика на собата во којашто живее и работи основачот на разобличувачкиот интернет ресурс WkiLieaks, Австралиецот Џулијан Асанж, во амбасадата на Еквадор во Лондон, е дел од изложбата под наслов „Lanceurs d’alerte“ (Информатори/Свиркачи), којашто посетителите ќе може да ја погледнат до 29 јануари во парискиот центар на уметноста „Gaité Lyrique“.asanz izlozba vo paris_2

Според весникот 20minutes, ентериерот бил репродуциран според сеќавањата „до најситните детали“ на уметничката група Mediengruppe Bitnik, чиишто членови го посетиле Асанж во 2013 година.

Во собата може да се видат неколку компјутери, документи, околу десетина мобилни телефони, книгата „Умешност на војувањето“ на Сун Цу, празни чаши и лента за трчање.asanz izlozba vo paris_3

Уметниците, исто така, во музејот поставиле Wi-Fi, така што на посетителите при поврзување на мрежата сервисот за геолоцирање Google Maps им покажува дека тие се наоѓаат во амбасадата на Еквадор во Лондон, а не во музејот во Париз.

Асанж се засолни во еквадорската амбасадата во британската престолнина во 2012 година, со барање до еквадорските власти да добие политички азил, поради стравување да не биде предаден на шведските власти каде е баран поради истрага во врска со обвинувања за наводни случаи на силување и сексуално злоставуање.asanz izlozba vo paris_4

Меѓутоа, Австралиецот стравува дека Шведска ќе го предаде на САД каде може да му биде судено за шпионажа, поради тоа што WikiLeaks во текот на годините објавуваше стотици илјади доверливи документи за војните во Ирак и Авганистан, тајните преписки на американската дипломатија и кон крајот на минатата година електронски писма на челниците на американската Демократска партија.asanz izlozba vo paris_1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top