Насловна / Вести / Во oпштина Кисела Вода досега легализирани 5030 објекти

Во oпштина Кисела Вода досега легализирани 5030 објекти

Општина Кисела Вода денес додели 50 нови решенија за легализирани дивоградби. Со тоа, бројот на решени предмети се искачи на 5030, или 36% од пристигнатите 13853 барања за легализација.
Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат, во овој момент, изнесува 3933. Исто така, изготвени се уште 274 урбанистички согласности, од кои, за 185 се чека уплата на надоместокот, за постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи.

img_0374
Општина Кисела Вода ги повикува сите граѓани кои ја немаат докомплетирано документацијата што поскоро да ја достават до административните служби.
Крајниот рок за комплетирање на документацијата, за новодонесените барања кои пристигнаа во продолжениот рок даден од Владата на Република Македонија истекува до крајот на 2017 година, а за граѓаните кои претходно имаат поднесено барање, до 31.12.2016 година.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top