Насловна / Арт и дизајн / Во Литванија е направена виртуелна фабрика на „Тесла“

Во Литванија е направена виртуелна фабрика на „Тесла“

Majnkraft fabrika Tesla vo Litvanija

Водени од желбата токму во нивната земја да се изгради следната фабика на компанијата „Тесла“, Литванците направиле виртуелна верзија за еден ваков објект во видео играта „Мајнкрафт“. Идејниот творец на проектот Владас Лашас, открива дека со овој потег сакаат да му пренесат порака на менаџерот на „Тесла“ Илон Маск дека Литванија има многу вешти луѓе но и совршена локација за фабрика.

Majnkraft fabrika na Tesla vo Litvanija2

Виртуелната фабрика ја работел тим од 60 луѓе во времетраење од два дена во местото Круонис во централниот дел на Литванија, во близина на хидроцентрала и два аеродроми.

Majnkraft fabrika na Tesla vo Litvanija

Компанијата „Тесла“ не соопштува каде ќе ја изгради својата следна фабрика, но се проценува дека ќе чини околу пет милијарди евра. Откако дознале за овој проект на Литванците, компанијата „Тесла“ на својот твитер профил објавила „Литванија го знае патот до нашето срце“.

 

 

 

 

Извор: Clean Technica

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top