Насловна / Вести / Во јуни ќе се продава најголемиот дијамант на светот

Во јуни ќе се продава најголемиот дијамант на светот

Најголемиот дијамант на светот, проценет на повеќе од 70 милиони американски долари, ќе биде понуден на наддавање на 29 јуни во Лондон, објави аукциската куќа Sotheby’s.

Овој необработен скапоцен камен, наречен „Lesedi La Rona“, кога беше откриен кон средината на ноември 2015 година, беше објавен како вториот најголем откриен дијамант на светот од 1.111 карати. Пронајден беше во рудникот Карове во Боцвана, околу 500 километри северно од главниот град Габороне од компанијата „Lucara Diamond“, којашто се занимава со ископување скапоцени камења.дијамант

Станува збор за најголемиот дијамант најден на територијата на Боцвана, којашто инаку е најголемиот светски производител на овие скапи камења, и најголемиот на светот откриен последните стотина години. Во истиот рудник во Боцвана претходно се пронајдени уште два извонредни дијаманта, еден од 813 карати и уште еден од 374 карати.

„Тоа е дијамант од 1.109 карати, најголем на светот откриен во последните повеќе од сто години“, изјави во средата во Њујорк Дејвид Бенет, директорот на меѓународниот оддел за накит на аукциската куќа Sotheby’s. Додаде дека првпат необработен дијамант со толкава големина ќе биде понуден на наддавање.

Скапоцените камења ископувани најчесто во Јужна Африка, вообичаено минуваат низ третман на нивно раздробување, полирање и обликување, кој трае повеќе од една година.Lucara-diamond

Најголемиот необработен дијамант во историјата, инаку, е откриен во јануари 1905 година во Јужноафриканската Република. Имал 3.106,85 карати и тежел 621,35 грама, а е познат како „Cullinan“. Го пронашол рударот Томас Ивен Пауел, а називот го добил по Сер Томас Кулинан.

Мајсторите за дијаманти од Амстердам, кои и денес се најдобрите на светот, го раздробиле „Cullinan“ на девет големи обработени брусени делови и многу помали од кои поголемиот дел завршил во колекцијата од скапоцени камења на англиската кралска ризница, која се чува во лондонски Тауер.

Испрати коментар

Scroll To Top