Насловна / Вести / Во Италија во винарска визба уништени 400.000 шишиња врвно вино

Во Италија во винарска визба уништени 400.000 шишиња врвно вино

Непознати лица во една винарска визба во северна Италија уништиле неколку стотици тони врвно пенливо вино, што е еквивалент на 400 илјади шишиња, пишуваат медиумите.

Инцидентот се случил во семејната винарска визба Conte Vistarino во регионот Ломбардија. Засега непознатите злонамерници провалиле во визбата преку ноќ и ги испразниле резервоарите со пенливо вино од сортите ризлинг, шардоне и пино гриџо и други сорти бело вино од бербата 2016-та.vinarija

Се проценува дека штетата од злоделото на „винските вандали“ изнесува околу половина милион евра. Притоа се наведува дека тие не направиле никаква друга штета и ништо не украле.

„Тоа беше неверојатен шок…“, го коментирала за британски The Telegraph Отавија Џорџи ди Вистарино 40-годишната грофица која управува со оваа со векови стара винарија. „Бевме потресени, но тоа нема да не откаже. Ќе треба одново да ги засукаме ракавите и да се вратиме на работата“, додава,

Италијанската полиција поведе истрага за инцидентот. Сопственикот на винскиот подрум изјавил дека не добивал закани и не може да замисли кој би можел да стои зад ова недело.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top