Насловна / Вести / Во Илинден отворена нова Станица за технички преглед на моторни возила

Во Илинден отворена нова Станица за технички преглед на моторни возила

ilinden centar za tehnicki pregled

Во општина Илинден на свечен начин беше предадена во употреба Станица за технички преглед на сите видови моторни возила. Во присуство на амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Бранко Раковец и извршниот директор на САВА Осигурување Петар Скварча, новата Станица за технички преглед во употреба ја предаде градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски.

Новата станица за технички преглед на моторни возила е инвестиција на словенечката компанија Сава осигурување, со која ќе стопанисува фирмата „Сава спејшн“.

На површина од 300 метри квадратни, вкупната инвестиција од околу 200.000 евра ќе  овозможи отворање на десеттина нови работни места.

Жителите на општина Илинден во иднина не ќе мораат да патуваат по десетина километри до најблиската станица за технички преглед, зашто сега во општината ќе добиваат комплетна услуга околу техничкиот преглед и регистрацијата на своите возила.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top