Насловна / Екологија / Во Германија усвоен закон за електрични возила

Во Германија усвоен закон за електрични возила

121128-LS-und-esmart-car2go
На крајот од минатиот месец во Германија е усвоен закон со кој се стимулира користењето на електричните автомобили во оваа земја. Поточно, возачите на електрични автомобили ќе имаат одредени привилегии како што се: користење на жолтата лента, бесплатен паркинг, користење на лентата за автобуси, како и пристап до одредени локации каде сообраќајот е ограничен поради превенција од загадување или бучава. Електричните возила ќе имаат посебни ознаки на регистарските таблички, додека странските електрични возила ќе добиваат посебни налепници при влез во земјата.

Германскиот министер за транспорт изјави дека со овој закон ќе се поттикне користењето на електричните возила, а неминовно и нивното производство. Законот за електромобилност ќе стапи на сила од почетокот на идната година и ќе важи до 2030 година.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top