Насловна / Вести / Во февруари 2018 во Ниш почнува изградбата на најголемиот шопинг мол во Србија

Во февруари 2018 во Ниш почнува изградбата на најголемиот шопинг мол во Србија

Nis-Delta_Planet-mol

Компанијата Delta Holding планира изградба на трговски центар „Делта Планет“ во Ниш, a почетокот на работите се очекува во февруари 2018 година. Вредноста на инвестицијата е 80 милиони евра. Предвидено е изградбата да трае 15 месеци, а се работи за модерен објект на две нивоа со многу продавници, кафулиња, ресторани и паркинг за 880 возила.

Nis-Delta_Planet-front

Инаку, локацијата на која ќе никне овој објект е позната од поодамна. Станува збор за простор на поранешен „Ниш Експрес“, кој „Делта“ го има купено уште во 2008 година токму за оваа намена. Вкупната површина на парцелата е  6,96 хектари, додека вкупната површина на молот ќе биде 40.000 квадратни метри, и ќе биде најголемиот шопинг мол во Србија.

Nis-Delta_Planet-strana

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top