Насловна / Вести / Во Белград отворен модерен „Центар за енергетска ефикасност“

Во Белград отворен модерен „Центар за енергетска ефикасност“

belgrad-centar-za-ee-otvaranje1

Мината недела, министерот за рударство и енергетика во српската влада, Александар Антиќ, на Машинскиот факултет во Белград, свечено го отвори националниот Центар за енергетска ефикасност. Притоа, тој порача дека Центарот има сериозни квалитети за градење на една нова енергетска иднина на земјата, во која конечно заштедата на енергија ќе биде позначајна дури и од изградбата на нови енергетски објекти.

belgrad-centar-za-ee-otvaranje

Ангажирањето на Енергетските менаџери кои ќе се обучуваат во овој центар, наскоро ќе биде обврска за индустријата која троши енергија над 2.500 toe (тони еквивалент на нафта),  за општините со над 20.000 жители, како и за деловните и комерцијални објекти со потрошувачка над 1000 toe.

Формирањето на овој центар е дел од Проектот „Помош за унапредување на системите на енергетски менаџмент во сите сектори на потрошувачка на енергија во Република Србија“, кој од крајот на 2013 се реализира преку заедничка соработка на Министерството за рударство и енергетика и Јапонската агенција за меѓународна соработка (Japan International Cooperation Agency – JICA).

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top