Насловна / Архитектура / Во Амстердам се гради паркинг под каналот

Во Амстердам се гради паркинг под каналот

Со цел да се обезбедат дополнителни места за паркирање во прилично зафатениот кварт De Pijp во Амстердам, градските власти го одобриле проектот за изградба на гаражи под постојниот канал. Ова е прв пат во Амстердам еден таков објект да се гради под вода и со тоа се најде во фокусот на стручната јавност, бидејќи се работи за навистина е импресивен градежен потфат.

Конструкциските греди, како и сите вентилациски канали, кабли и други инсталации се скриени од погледот, за корисникот да се чувствува удобно под каналот што му поминува над главата.амстердам паркинг_4

Паркинг гаражата Albert Cuyp, чиј проект е потпишан од ZJA, планиран е да смести 600 возила и 60 велосипеди. Со неговата изградба ќе бидат отстранети 300 паркиралишта на улично ниво, со што ќе се отвори простор за пешаци, паркови и други јавни површини. Проектот е направено така што вентилациските канали, излезите во случај на вонредни состојби и сета останата инфраструктура на подземната гаража, кои се појавуваат надземно, максимално се интегрираат во новите јавни простори без да ги нарушуваат визуелно или функционално.амстердам паркинг_2

Гаражата е правоаголна и многу едноставна. Темните агли се избегнати со поставување на транспарентни ѕидови во скалите.амстердам паркинг_3

Изградбата на каналот ќе чини 35 милиони евра, додека цената за паркирање ќе биде иста како и на улица. Изведувачот на работите е Max Bögl, а подземната гаража треба да биде отворена во 2018 година.амстердам паркинг_1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top