Насловна / Вести / Владата го укина „Ден на дрвото“

Владата го укина „Ден на дрвото“

Владата донесе одлука за укинување на ацијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ поради незадоволителни резултати.

„На седницата владата ја разгледа и усвои информацијата за спроведување на пошумувањето на површините предвидени за акцијата ‘Ден на дрвото – засади ја својата иднина’ за есенскиот дел во 2017 година, со динамика и акциски план за реализација на истата, и донесе одлука за престанок на акцијата“, соопшти владината прес-служба.Den-na-drvoto

Исто така, Владата го задолжи јавното претпријатие „Македонски шуми“ да достави сеопфатна информација за ефектите и резултатите од оваа акција.

Идните активности за пошумување, велат од Владата, ќе се реализираат со одобрена предлог-програма за проширена репродукција на шумите на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“.

Акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ почна во 2008 година и во првите четири години, до 2011, се спроведуваше во две сезони – пролет и есен. Во последните пет години, пак, пошумувањето се извршува само на есен.

Испрати коментар

Scroll To Top