Насловна / Вести / Висок функционер во Министерството за инфраструктура на Словенија разрешен поради некомпетентност

Висок функционер во Министерството за инфраструктура на Словенија разрешен поради некомпетентност

Секаде во светот е нормално некој да биде разрешен поради некомпетентност, само за Балканот тоа е вест. И уште би можело да се додаде дека во Словенија тоа е реалност, за разлика од останатите земји од регионот. Имено, шефот на Секторот за обновлива енергија во Министерството за инфраструктура на Словенија е сменет поради јавно покажаното непознавање на состојбите во областа за која е надлежен.fotovoltaika-v-letu-2014-in-naprej-ministrstvo-za-infrastrukturo-in-prostor-mag-bojan-kumer-4-638

Новинарката што го подготвувала ТВ интервјуто, целосно го објавила без никаква монтажа. По јавната презентација на тема хидропотенцијал, ветерна енергија и паметни броила, новинарката му поставила на функционерот повеќе прашања, а тој не успеал конкретно да одговори на ниту едно од нив.

„Словенија ќе настојува да ги исполни целите од стратегијата за користење на обновливите  извори,  и тоа е се што можам паметно да ви кажам на таа тема“, рекол функционерот Смолникар. Реакцијата од Министерството стигнува веднаш по емитувањето на интервјуто. Во соопштението на  Министерството за инфраструктура на Словенија е наведено дека функционерот се посрамотил пред телевизиските гледачи бидејќи покажал незнаење, и дека поради тоа Министарството го разрешило од функцијата раководител на секторот за обновливи извори.

Смолникар бил на таа позиција од септември 2016, а критиките на сметка на неговата компетентност  уште тогаш биле присутни во јавноста, бидејќи по струка бил геодет и информатичар.

Извор: Hina

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top