Насловна / Хортикултура / Виолетова детелина – Oxalis regnellii

Виолетова детелина – Oxalis regnellii

    Овој вид, претставува луковичесто растение, кое потекнува од Јужна Америка и достигнува до 20 см во висина. Родот Oxalis  се состои од неколку видови кои цветаат во различни бои.
     Oxalis regnellii има светло виолетови-розеви и бели цветови во форма на чашка. Цвета преку цело лето, а цветовите и листовите преку ноќта заспиваат. Листовите му се темно виолетови. Во однос на светлината нема потреба од изложување на директно сонце.
25467560
Се размножува со луковици, кои се садат плитко во април, и обилно се полева. Во октомври поради ниските температури се губи, но следната година на пролет повторно се појавува. Исто така во октомври може да се соберат луковиците и да се складираат на ладно и суво место за да презимат, а на пролет да се насадат.

Испрати коментар

Scroll To Top