Насловна / Архитектура / Вила во која што е избришана границата меѓу ентериерот и екстериерот

Вила во која што е избришана границата меѓу ентериерот и екстериерот

Според проектот на бирото Bourgeois/Lechasseur architects, вилата Vingt е поставена на рид недалеку од скијачкиот центар Le Relais во Канада, и од неа се нуди фантастичен поглед на планините или на гратчето Lac-Beauport.вила канада (7)
Објектот е изграден на постојни темели на стара куќа, со цел да се задржат одредени дозволи, инфраструктурата, но и поради тоа што клиентот ги знае сите предности (и недостатоци) на оваа локација, бидејќи на неа живеел долги години.вила канада (4)
Инспирацијата за проектот на куќата дошла од карактеристичниот релјеф. Првото ниво служи како основа на објектот спротивна во однос на теренот и целосно се отвора на север. Од друга страна, горниот кат се чини како да лебди над бетонска база во приземјето, а конзолните делови се искористени за сместување на дневната соба, која има сјаен поглед. За добар изглед, задолжени се прозорците со максимални можни димензии.вила канада (1) вила канада (2) вила канада (3)

Покривот се протега преку објектот креирајќи заклон во приземјето од обилните снежни врнежи.
Иако куќата е во стакло, погледите од пристапниот пат се блокирани во однос на блокот за спиење.Објектот има богата текстура на кедрово дрво поставена на таванот на горниот кат. Овој топол материјал продолжува на покривот за да се нагласи континуитетот помеѓу внатрешноста и надворешноста.вила канада (5) вила канада (6) вила канада (8) вила канада (9) вила канада (10) вила канада (11) вила канада (12)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top