Насловна / Вести / Видео-игра против загадувањето на воздухот во Тетово

Видео-игра против загадувањето на воздухот во Тетово

Окси е мало момче од Тетово кое ги губи родителите поради рак предизвикан од загадениот воздух. Јасно му е дека на светот му е потребна промена, става на себе гас-маска и боца со кислород и одлучува тој да ја направи промената.

Ова е приказната на играта Airpocalypto: City of smog (Ерпокалипто: Градот на смогот), дело на тетовскиот тим ShroomApps, кој развива игри за андроид платформи.apokalipto-igra-702x336

Играта е составена од два мода: „Спасете го вашиот град“, во коj карактерот Окси трча низ металуршка фабрика, скока преку ѓубре и собира филтри за да го спаси градот претворајќи колку што е можно повеќе фабрики – да не штетат на околината и „Мод на преживување“, во кој Окси трча низ апокалиптичен град и собира маски за да избега од смогот, лизга под знаци за биолошка опасност и разни други пречки.

Тимот на ShroomApps е составен од Ермал Селими, Дрилон Реџепи, Бесар Иљази и Лиридон Реџепи и почна со работа во мај минатата година. Тие велат дека од 50-тите години на минатиот век, кога аерозагадувањето добило светско внимание и покрај бројните протести, тоа на крај сепак победило. Токму затоа се одлучиле да направат игра директно насочена против овој проблем, како нивен начин на протест за уништувањето на животната средина.

Играта е бесплатна, а засега можат да ја преземат само корисниците на андроид смартфони и таблети преку сервисот Google Play.

Еден коментар

  1. Даниела

    Браво дечки!

Испрати коментар

Scroll To Top