Насловна / Вести / Валандово утре ќе гласа за или против рудникот Казандол

Валандово утре ќе гласа за или против рудникот Казандол

Утре жителите на Валандово на референдум ќе се изјаснат дали ќе дозволат да се изгради рудникот Казандол и за можното отворање на нови рудници на нивната територија.

Валандовчани ќе гласаат дали се за или против отворање рудници во нивната општина и дали се за или против продолжување со работа на комплексот Казандол, каде ќе се врши ископ на руда и производство на катоден бакар.

valandovo kazandol

По неколку месечни опструкции и закани од локалните моќници, граѓанските аквитивисти   беа приморани да собираат потписи за рефрендумско изјаснување.

Тие предупредуваат дека и сега имаат притисоци за да не се излезе вo недела на референдум, и да биде тој неуспешен.

Валандовце се плашат за своето земјоделско прозиводство, за смоквите, калинките, јапонските јаболка, грозјето, и затоа се против изградба на рудници.

Граѓаните на Богданци, Дојран и Гевгелија веќе се изјаснија против изградба на новите рудници во овој земјоделски крај.

Испрати коментар

Scroll To Top