Насловна / Архитектура / Успешно одржана Првата конференција на „Винербергер“ за архитекти во Македонија

Успешно одржана Првата конференција на „Винербергер“ за архитекти во Македонија

На 22 јуни, во хотелот „Александар Палас“ се одржа Првата конференција на „Винербергер“ за архитекти и инженери во Македонија. Со свои обраќања конференцијата ја отворија директорот за продажба и маркетинг на „Винербергер-Тондах“ во Македонија, Владимир Златковски, како и претседателот на Комората на архитекти на Македонија, Миле Димитровски.5J0A8927

На настанот на кој присуствуваа повеќе од 250 врвни професионалци од сферата на архитектурата и градежништвото, беа презентирани најновите трендови во градењето, се зборуваше за тулата како најважен градежен материјал, за енергетската ефикасност на градбите и за предностите и разликите на косиот и рамниот покрив. Четворицата предавачи беа врвни имиња од фелата, кои „Винербергер“ ги донесе да ги споделат своите знаења и искуства со учесниците на конференцијата. Од Хрватска излагаа врвниот архитект Андрија Русан и д-р Бојан Миловановиќ, професор на Градежниот факултет во Загреб, а од Македонија свои излагања имаа истакнатиот архитект Мартин Пановски, кој е и претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија и проф. д-р Тодорка Самарџиоска, од Градежниот факултет во Скопје.5J0A92035J0A9082

Во рамки на конференцијата беше отворена и изложба на архитектонски дела, наградени на Brick Award, а најсреќните 10 архитекти ја добија на подарок ексклузивната публикација Brick Award ’16, како и влезници за следните „Денови на Орис“, кои ќе се одржат во октомври во Загреб.5J0A9058

Според впечатоците на присутните, настанот беше уникатна можност за едукација и инспирација, но и за дружење и разменување искуства, знаења и сознанија на архитектите и градежните инженери.5J0A8757 5J0A8723 5J0A8821 5J0A8828 5J0A8857 5J0A8869 5J0A8868 5J0A8846 5J0A8881 5J0A8902 5J0A9170 5J0A9172 5J0A9180 5J0A9182 5J0A9193 5J0A9191 5J0A9188 5J0A9184 5J0A9040 5J0A9055 5J0A8837

Испрати коментар

Scroll To Top