Насловна / Вести / Уредување на повеќе локации во Крива Паланка

Уредување на повеќе локации во Крива Паланка

kriva palanka

Јавното претпријатие „Комуналец“ ја уредува јавната површина спроти градскиот парк во Крива Паланка. Моментно се работи на уредување на зелената површина и поставување на обележјето каде ќе биде лоциран грбот на општина Крива Паланка.

Директорот на ЈП „Комуналец“ информираше дека се работи на доуредување на сите јавни површини во градот, а моментно екипите од претпријатието го уредуваат просторот спроти паркот кој до неодамна беше запуштен и обраснат со трева.

„Сега работиме на брегот покрај магистралниот пат. Нашите екипи веќе ја израмнија и засадија површината со зеленило. Оваа локација ќе биде едно обележје на градот, каде го поставуваме грбот на општина Крива Паланка. Чекор по чекор го уредуваме секој објект, секоја јавна површина за да бидат достапни за граѓаните“, изјави Томе Тодоровски, директор на ЈП Комуналец.

Тодоровски додаде дека се работи и на внатрешниот дел на кејот на Крива Река. Имено, се декорира просторот околу пешачката патека.

„Покрај веќе поставените декоративни лебеди, поставени се уште две украсни птици, два штрка обликувани со цвеќе. Истите се изработени од страна на вработените во нашето претпријатие, а во план се уште неколку хортикултурни уредувања на повеќе локации во градот. Во соработка со општината сакаме да направиме едно достапно катче за шетање во Крива Паланка каде што ќе биде интересно за помладата и постара популација“, рече Тодоровски.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top