Насловна / Вести / Урбанизирање на просторот за нови инвестиции во Општина Илинден

Урбанизирање на просторот за нови инвестиции во Општина Илинден

55369460

Соогласно својата стратегија за локален економски развој Општина Илинден планира урбанизирање на просторот, се со цел да се излезе во пресрет на барањата на своите граѓани, но и на потенцијалните домашни и странски инвеститори.

Во таа насока, за потребите и барањата на инвеститорите донесен е нов урбанистички план вон населено место Кадино за локалитетот 19, кој што се наоѓа во состав на локалната економска зона Марино-Кадино во опфат од 10,51 хектари, со намена за лесна и незагадувачка индустрија. Со овој урбанистички план се овозможува формирање на шест нови градежни парцели со вкупна  површина од 2,73 хектари градежно земјиште во сопственост на Република Македонија, кои ќе бидат понудени на електронско јавно наддавање на потенцијалните инвеститори.Lokalitet_19_0

Истовремено, Општината им излегува во пресрет на постоечките стопански субјекти со тоа што им се нуди можност за откуп на земјиштето со кое што располагаат. Во насока на поддршка на постоечките стопански субјекти, усвоена е локална урбанистичка планска документација за површина од 10,31 хектар наменет за хотелско угостителска дејност.

Урбанизацијата ќе овозможи и формирање и уредување на нови економски зони за привлекување на домашни и странски инвестиции, со што директно ќе се влијае во интензивирањето на локалниот економски развој и отворање на нови работни места.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top