Насловна / Вести / „Урбан инвест“ ќе го гради плоштадот на ВМРО

„Урбан инвест“ ќе го гради плоштадот на ВМРО

urban invest vmro_1_resize

Кавадаречката фирма „Урбан инвест“ е избрана на тендерот да го гради новиот Плоштад на ВМРО во центарот на Скопје, а зделката е вредна околу 1,3 милиони евра.

Според одлуката објавена на електронскиот систем за јавни набавки, фирмата има рок од една година да го урбанизира просторот во близина на некогашното партиско седиште на ВМРО-ДПМНЕ.urban invest vmro_2_resize

За изградба на плоштадот беа подигнати 28 тендерски документации, но се пријавија само пет градежни компании. Нивните понуди се движеа меѓу 1,7 и 1,8 милион евра. Конечната, намалена цена беше постигната со електронската аукција.

„Урбан инвест“ треба да го уреди просторот со бел мермер и стилска урбана опрема, а на средина на плоштадот треба да има и фонтана со споменик, иако не се открива чиј споменик ќе зазема централно место на овој плоштад. Во близина, во целосно новоизграден објект, повторно ќе биде сместен централниот партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Испрати коментар

Scroll To Top