Насловна / Ентериери / Уникатен дизајн на општинските канцеларии на градот Ротердам

Уникатен дизајн на општинските канцеларии на градот Ротердам

Дел од комплексот на архитектонското студио ОМА – De Rotterdam, во Ротердам, сега е дом за општинските канцеларии на градот. Дизајнерските фирми Group A, Studio Makkink & Bey и Roukens+Van Gils биле задолжени за организација на ентериерот што се наоѓа во централниот дел на висококатницата.

Канцелариите за работа и состаноци се распространети низ зградата, метафорично прикажувајќи ги „населбите“ на градот, додека конференциските сали, дневните простории, тивките зони и сервисните простории се дизајнирани така што би ги претставувале градскиот парк или плоштад, акцентирани со употреба на мебел во јаки бои и специфична подна облога. Во овој јавен дел просториите имаат двојна катна висина и во нив се инкорпорирани кафе-барови и ресторани. Во рамките на ентериерот се наоѓа и библиотека која содржи книги за градот Ротердам.

ротердам-1

ротердам-3

ротердам-4

ротердам-5

Конференциските сали и просториите за ручек и вечера меѓусебно се одвоени со транспарентни завеси.

ротердам-7

ротердам-8

Просториите за работа се распространети околу големата централно поставена конференциска маса, а тука се  сместени и приватните места за седење.

Најголем дел од мебелот е искористен од старата општинска зграда, а секое од работните бироа е опремено дополнително со бели странични панели, со цел да добијат нова рамка и изглед.ротердам-11

ротердам-18

ротердам-13

ротердам-14

Градот Ротердам со ваквиот начин на пристап кон ентериерното уредување, отстапува од правилата за уредување  на општинските канцеларии и создава уникатна работна средина во која секој би посакал да го помине својот работен ден.

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top