Насловна / Вести / Улицата Mariahilfer Strasse во Виена наградена за најдобар урбан дизајн

Улицата Mariahilfer Strasse во Виена наградена за најдобар урбан дизајн

Viena nagrada za najdobar urban dizajn
Популарната улица во Виена Mariahilfer Strasse, која во летото 2015 година е целосно реконструирана, годинава е прогласена за најдобар урбан дизајн со признанието Place Design Award 2017. Една од главните улици во центарот на градот со многубројни продавници, има значително намалена емисија на стакленички гасови и бучава, и сериозно придонесува за зачувување на животната средина во метрополата.
Viena nagrada za najubava i n ajdobra dizajnirana ulica
Меѓународното здружение за истражување и унапредување на животната средина (EDRA – Environmental Design Research Association), кое ја доделува оваа награда, особено ја истакнува улогата на граѓаните на Виена, кои активно биле вклучени во проектот за реконструкција на улицата. Според зборовите на челните луѓе на ова здружение, Mariahilfer Strasse треба да им послужи како пример на сите градови при планирање и имплементација на проекти кои ќе го редуцираат сообраќајот во градовите.
Viena nagrada za najdobra ulica

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top