Насловна / Архитектура / Училиште во Шпанија со фасада со огледала за целосно вклопување во околината

Училиште во Шпанија со фасада со огледала за целосно вклопување во околината

Шпанското архитектонско студио ABLM Arquitectos, во својот проект за училиште во Саламанка, применило интересен и иновативен концепт за фасада. Со употреба на огледала во горниот дел од фасадата, архитектите овозможиле објектот со значителен дел да се вклопи во околината, односно да се претопи во пејсажот и небото.

spanija skolo 1

 

spanija skolo 5

Долната половина од објектот е исто така многу интересна со цел да се создаде пријатен амбиент за децата, и обоен е во ленти со седум бои. Колоритниот под е изработен од керамички плочки.

spanija skolo 2

spanija skolo 4

Необичниот дизајн сосема одговара на намената на објектот и е навистина инспиративен, но има и своја поширока цел. Имено, оваа област од Саламака каде е лоцирано училиштето  (La Armuña) е во фаза на засилена индустријализација, и голем број од новоизградените објекти се фабрики и деловни згради. Со изведбата на рефлектирачката фасада, архитектите сакаат да го ублажат ефектот од бројните згради врз средината и „губењето“ на празниот простор.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top