Насловна / Вести / Тунел долг три километри ќе гo скрати патот меѓу Сараево и Зеница

Тунел долг три километри ќе гo скрати патот меѓу Сараево и Зеница

Bosna Tunel 1mart
Тунелот„1 Март“ и делницата Зеница Југ – Лашва, на Коридорот 5ц, денес беа свечено отворени. Тунелот е долг околу три километри и ги поврзува Сараево и Зеница со модерен автопат. Со него ќе се скрати патот меѓу тие два града.

Изградениот тунел е најголем инфраструктурен објект изграден досега во Босна и Херцеговина. Се работи, всушност за дват паралелни тунела со вкупна должина од 5.680 метри. Вредноста на проектот изнесува 62 милиони евра.

На секои 250 метри во тунелот, кој е граден според европски стандарди, има врска меѓу двата тунела, за евакуација на пешаци, додека на секој километар има пристап до возилата.

Тунелот е опремен со сите безбедносни системи, променлива сигнализација, јавувачи на пожар, хидрантска мрежа, радио, мобилна и интернет врски, видео надзор, а ќе се управува 24 часа дневно во текот на цела година од Центарот за контрола и регулирање на сообраќајот.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top