Насловна / Арт и дизајн / Тридимензионални керамички плочки со мотив на Менхетен

Тридимензионални керамички плочки со мотив на Менхетен

Со помош на 3D печатач и детална карта на Њујорк, направeни се керамички плочки кои се продаваат на Kickstarter.

Ако не можеме да живееме на Менхетен, тогаш барем можеме да го „ставиме“ на ѕид.keramicki plocki na menheten (7)

Имено, архитектонските фирми AJSNY и TO+WN design дошле на заедничка идеја да направат декоративни керамички плочки со мотиви од најпосакуваниот дел на Њујорк.

Секоја плочка може да биде детаљ за себе, но вистинска работа се добива кога правилно ќе се организираат во сет на плочки, со што се добива сопствен микро Менхетен.keramicki plocki na menheten (2)

Дизајнерите првично и детално ја скенирале мапата на Менхетен со сите објекти и препознатливи градби, и потоа тргнале во 3D печатење на минијатура од овој дел од градот во размер од 1:5000.

Првично, овие плочки биле предвидени да служат како декоративен елемент на комерцијалните објекти, но наскоро бил забележан и нивниот комерцијален потенцијал, пишува Designboom.keramicki plocki na menheten (5)

Целата колекција од 200 индивидуални плочки, кои заедно го сочинуваат целиот приказ на Менхетен, сега може да се нарача на Kickstarter.

Малопродажната цена на секоја плочка од 15×15 сантиметри е 114,65 долари, додека цената на целиот сет е 20.000 долари.

keramicki plocki na menheten

По Менхетен, се планира и проширување на проектот во други делови од Њујорк и во други градови во светот.keramicki plocki na menheten (3) keramicki plocki na menheten (4) keramicki plocki na menheten (6)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top