Насловна / Вести / Трескавец лежи на стари објекти, покажаа археолошките истражувања

Трескавец лежи на стари објекти, покажаа археолошките истражувања

101866846

Во септември се очекува да биде одобрен проектот за обнова на опожарените конаци на Трескавец, а во меѓувреме завршија обемните архелошки истражувања на комплексот кои посочија докази за огромното значење на манастирот како култно-религиски комплекс во период од 12 векови, соопшти на на денешната прес конференција директорот на Заводот и музеј во Прилеп, Гордана Данилоска Спироска.
Според Данилоска Спироска, проектот за обновата на конаците со сите забелешки од комисијата при-Националниот конзерваторски центар е веќе доработен. „Ние ги внесовме забелешките кои беа несуштински, се однесуваа најмногу околу решавањето на покривната конструкција што повлече промени во статичкиот проект. Сега го разгледува комисијата во Националниот конзерваторски центар и се надеваме дека до септември ќе го имаме конзерваторското одобрение за да се распише тендерот за обнова на конаците. Не се знае колку од оваа година ќе реализираме зашто станува збор за надморска височина од околу 1400 метри и ќе стигне зимскиот период“, вели Данилоска Спироска.
Во програмата за 2014 година Министерството за култура одобри 15 милиони денари за проект за Трескавец. Се работи на уште два проекта.
„Треба да се изработи проектот за конзервација и реконструкција на трпезаријата и црквата и проектот за санација, реконструкција и конзервација на магерницата, магерничкиот конак и камбанаријата. Овие проекти треба да бидат завршени кон крајот на годината“, изјави Данилоска Спироска.
Завршени се обемните археолошки истражувања на манастирскиот комплекс кои, според археологот Бранко Ристески донесоа неколку откритија потврдувајќи го огромното значење на Трескавец.
„Иако досега имало истражувања во три наврати, сепак беа фрагментарни. Овојпат многу сознајни и документирани. Откривме остатоци од античката населба Колобаиса, откривме остатоци од ранохристијанска црква од 5 и 6 век, ги констатиравме фазите на развој на средновековниот манастир, ја разјаснивме историјата на Манастирот од отоманскиот период и релациите со современиот ПрилепТрескавец се открива како повеќеслоевит комплекс. Констатиравме 17 слоеви“, рече Ристески.
Се констатира улогата на комплексот Трескавец во поширок, централно-балкански контекст.
„Се констатира улогата на комплексот Трескавец во цивилизациското живеење не само во Пелагонија, туку за поширокиот централно-балкански простор. Ова го вбројува Трескавец во најзначајните култно-религиски места во централнобалканскиот простор. Тоа досега го имаше но без аргументи. Ова значи засилување на аргументацијата за неговото значење“, вели Ристески.
По овие истражувања, прилепскиот Завод и музеј работи на амбиент-вибрации на самите објекти, Тоа го работеше ИЗИС, но сега треба да се објави тендер и не се знае која фирма ќе работи. Податоците се потребни за изработката на проектите.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top