Насловна / Ентериери / Трансформација на таван од 1930 во прекрасен работен простор

Трансформација на таван од 1930 во прекрасен работен простор

potpokriv _3

Обично потпокривите се замислуваат како темни и влажни места, па затоа остава силен впечаток кога ќе се види една успешна коверзија на напуштен таван во простор исполнет со светлина.

Овој реновиран простор е уреден од страна на архитектонското биро PARA-project, и тој е успешно трансформиран од едно поткровје изградено во 1930 година во голем работен простор и библиотека на еден писател. Внимателниот избор на столици дизајнирани од страна на Чарлс и Реј Имс, му даваат модерен и класичен допир на овој современ, бел ентериер.

potpokriv _4

Реновиран за клиент кој исто така е писател и книговезец, овој простор има исклучиво функција на работната површина, но, исто така, вклучува гостинска соба и простор за релаксација. За да се разбие праволинискиот простор, архитектите од  бирото PARA-project уфрлиле заоблени ѕидови изработени од рециклирани картонски цевки, кои даваат една интересна цилиндрична текстура на просторот. Испакнатите заоблени ѕидови ги одделуваат студискиот дел на писателот од гостинската соба и, исто така, ги прикриваат скалилата, бањата и неколкуте плакари за чување.potpokriv _2

Стаклените површини овозможуваат на изобилство на природна светлина во реновираниот простор, а два прозори на аглите го привлекуваат вниманието, бидејќи тие се стратешки позиционирани над работната маса на писателот и простор за седење.potpokriv _1

Минималистички дизајнираниот мебел му дава просторот чувство на престиж и вклучува различни столици од познатиот брачен пар на дизајнери Чарлс и Реј Имс, како и слободно поставената када со канџи како ногарки и преубави софи.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top