Насловна / Вести / Традиционален француски стан на современ начин

Традиционален француски стан на современ начин

Областа околу Париз, Saint-Maur-des-Fossés, идеална е за оние што сакаат да бидат во близина на главниот град, но, исто така, да имаат мир и приватност. Така, младо четиричлено семејство живее во стан од традиционална градба, за чиешто реновирање било ангажирано познатото шпанско архитектонско студио 05 AM Arquitectura. Една од главните цели на проектот била да се добие повеќе светлина и простор и да се задржат традиционалните елементи.парис_7

Архитектите прво ги срушиле ѕидовите што стоеле помеѓу кујната, трпезаријата и дневната соба. Целиот стан е обоен во бела боја, а дрвените скалила и големата дрвена маса се дизајнирани на начин да дадат топлина на станот и посебна атмосфера.парис_6

За кујната и купатилото е избран мермер како материјал кој доминира, а на просториите им дава дополнителна доза на елеганција. За да се избегне „стерилноста“, која доаѓа со мноштвото бели и беж тонови, ставени се детали во силни бои, како црвени столици и портокалови висечки ламби. Детската соба е единствената просторија која на ѕидовите нема само бела боја, но, исто така, може да се видат сини и зелени нијанси.парис_8 парис_5 парис_4 парис_3 парис_2 парис_1

Испрати коментар

Scroll To Top