Насловна / Арт и дизајн / Тетовското културно лето во полн ек

Тетовското културно лето во полн ек

1-tetovsko-kulturno--leto

Деновиве во Тетово во пол ек е манифестацијата Тетовско културно лето 2015. Веќе три дена делот од улицата Дервиш Цара во центарот на градот каде се наоѓаат повеќе познати тетовски кафетерии е покриен со чадори. Овој тренд кој до сега сме го гледале во повеќе европски и светски метрополи, сега може да се види и во Тетово.

Неколку дена по ред веќе се случија настапи на неколку познати и локални бендови и музичари, а од нив може да се издвојат популарните Objective, XXL, Zig Zag Orchestra и други.

Добрата организација како и идејата за дополнително раздвижување и разубавување на градот со инсталирањето на ваква „урбана опрема“, секако се мотив повеќе и за посетителите на овој настан да дојдат и уживаат во прекрасниот амбиент под чадорите.

Културното лето во Тетово продолжува, но од вторник со нови локации низ градот.

2-tetovsko-kulturno--leto

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top