Насловна / Архитектура / Tel Aviv Non-Stop City

Tel Aviv Non-Stop City

тел авив и охрид_02

Kikar Dizengoff, архитект Genia Averbuch (1934)

Како се заштитува светското наследство на УНЕСКО во „Белиот Град“

Тел Авив бил основан во 1909 година, како предградие на Јафа. Легендата вели дека се доделувале градежни парцели во тогашната пустина. Првите 63 фамилии доселени во песочниот простор обележале парцели, а на школки од Средоземното Море испишале броеви од 1 до 63. Секоја фамилија влечела школка и ја добивала парцелата од бројот на школката. Овие податоци околу настанокот на Тел Авив ми ги пренесе стручната водичка за време на мојот минатогодишен престој во израелската метропола. Таа дополни дека Евреите се мошне горди на својата демократска постапка при доделувањето на парцелите.

тел авив и охрид_01

Rehov Shenkin, архитект Lucian Korngold (1935)

Изградбата на Тел Авив цвета за време на Британскиот мандат од 1920 до 1948 година. Германската Баухаус школа за архитектура и дизајн беше основана на принците од модернизмот, но за време на наци-режимот беше под силен притисок. Многу архитекти кои студирале таму, морале да ја напуштат Европа. Тие што дошле во Тел Авив, брзо се вклопиле во локалниот конструктивен бум, а резултатот е висока концентрација на објекти од Баухаус стил, наречен „Бел град“. Во најголема мера бил изграден од 1930 до 1948 година, врз база на плановите град-градина од Sir Patrick Geddes, пионер на модерното урбанистичко планирање на 20 век. Покрај плановите на Geddes, големо влијание дал и Ya’akov Beasirа, градски инженер кој го заштитувал интернационалниот стил и придонел за формирањето на „Белиот град“, град со над 4000 објекти проектирани во единствениот Баухаус стил. Благодарение на овој уникатен податок, во 2003 година, УНЕСКО го прогласи за светско наследство. Прилогот на мапата од „Белиот град“, јасно го покажува обемот на ова светско наследство.

тел авив и охрид_15

Градската управа на Тел Авив, препознавајќи го архитектонското и националното значење, неуморно работи да го заштити „Белиот град“. Таа има изработено сестрана програма која ги поттикнува сопствениците да ги заштитат своите згради. Во 2018 година, градската управа планира да го отвори единствениот Центар за наследство на „Белиот град“ во зградата Liebling, како заеднички проект со Германското федерално министерство за околина и заштита на природата. Ова е само еден пример како градските власти се однесуваат со УНЕСКО наследство.

тел авив и охрид_13

Rehov Idelson, архитект Doc Carmi (1936)

тел авив и охрид_11

За време на моите посети на Тел Авив-Јафа, забележав брз развиток со многу современи објекти, облакодери, ресторани, кафеани, клубови, театри, сопственици со кучиња, ноќни трки со велосипеди, среќни луѓе и рекламни материјали под мотото „Tel Aviv Non-Stop City“. Тел Авив брзо расте во метропола од светски рамки и од година во година привлекува сè поголем број туристи и полека, но сигурно, преминува во една од најпопуларните туристички дестинации.

тел авив и охрид_08

Charles Bronfman Auditorium, архитект Ze’ev Recheter and Dov Carmi (1951)

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Rothschild Boulevard Engel House, архитект David Shankbone (1933)

Автор: Душанка Балабановска, архитект

Како се заштитува светското наследство на УНЕСКО во Охрид

Охридско Езеро до 1912 година било заштитено со правни прописи на Османлиската империја, а од 1912 до 1941 година од Кралството Југославија. Првото решение за заштита на Охридско Езеро по Втората светска војна е донесено во 1944 година на Првото заседание на АСНОМ. Собранието на Социјалистичка Република Македонија во 1977 година донесе Закон за заштита на Охридско, Преспанско и Дојранско  Езеро ( Сл. весник на СРМ бр.45/77) со кој Охридско Езеро беше прогласено за заштитено подрачје  во категорија Споменик на природата со површина од 200 квадратни километри.

тел авив и охрид_05

Поради исклучителната вредност и, пред сè, поради концентрацијата на културните добра, старото градско јадро на Охрид е ставено под режим на заштита како споменичка целина со решение бр.07-57/1 од  28.03.1968 година, донесено од Завод за заштита на спомениците на културата – Охрид. Елаборираните карактеристики придонесоа Охридскиот регион, вклучувајќи го и езерото, да биде впишан на Листата на светско наследство на УНЕСКО, под името Охридски регион со неговите културни и природно-историски аспекти и неговата еколошка средина, под број МК-99 во 1979 година, како културно наследство.

тел авив и охрид_09

На предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за култура, предложен е нов назив за доброто Природно и културно наследство на Охридскиот регион, и тоа е прифатено на 30. заседание на Комитетот за светско наследство во јули 2006 година во Вилнус, Литванија. На 33. седница на Комитетот на светско наследство на УНЕСКО, која се одржа од 21 до 30 јуни 2009 година во Севиља , Шпанија, а поаѓајки од евалуационите извештаи на ИКОМОС и ИУЦН, донесена е и одлука за прифаќање на предложената модификација на границите на природното и културното наследство на Охридскиот регион.

Охридскиот регион претставува и дел од Прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа. Номинацијата на Охрид-Преспа за биосферен резерват официјално беше разгледана на состанокот на МАБ Комитетот на УНЕСКО во јуни 2014 год. и со едногласна одлука, регионот Охрид-Преспа беше прогласен за прекуграничен биосферен резерват.тел авив и охрид_06

Пристап кон конзервација на објектите во Охрид, направена е наменска поделба. Објекти од: профана архитектура, староградска архитектура и сакрална архитектура.

Во „Порта 3“ планираме да реализираме неколку продолженија на тема конзерваторски акртивности во стариот дел на Охрид. Во првиот дел, опфатени се објекти од профаната архитектура.

Автор: м-р Зоран Павлов, историчар на уметност

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top