Насловна / Вести / „Технома“ ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“, Скопје останува без саем

„Технома“ ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“, Скопје останува без саем

Меѓународниот саем „Технома 2017″ годинава ќе се одржи од 25 до 29 октомври во ВИП арената „Борис Трајковски”. Одложен е есенскиот саем „Дома“. Халите на Скопски саем се продадени.

На саемот ќе се претстават гoлeми, средни и мали дoмaшни и стрaнски прoизвoдитeли од oблaстa нa мeтaлургиjaтa, eлeктрoтeхникaтa, енергетиката, нeмeтaлитe, грaдeжништвoтo, обезбедувањето и заштитат.TEHNOMA-2017

Одложен е есенскиот саем „Дома“.

Од Скопски саем информираат дека нивните хали, досега во сопственост на словенечката групација ЕРА, се продадени.

Имотот на Скопски саем бил заложен во НЛБ Тутунска банка и во Комерцијална банка, кои долгот си го наплатиле со продажба на фирмата Кардфинанс од Бугарија за сума од 16 милиони евра.

Како што дознаваме на овој простор новиот сопственик планира да изгради голем трговски центар и повеќе деловно-станбени објекти.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top