Насловна / Екологија / Светот во опасност од суши кои би можеле да траат со децении

Светот во опасност од суши кои би можеле да траат со децении

Susa

Кон крајот на август е објавено истражување, предводено од американски научници, во кое се предвидува дека Земјата во блиска иднина ќе ја погодат низа десетгодишни мегасуши предизвикани од климатските промени, пренесува „Ројтерс“. Авторите на студијата објавена во научното списание Климатски журнал (Journal of Climate) на Американското метеоролошко здружение, истакнуваат дека шансите периодите на мегасушите да почнат до 2100 година се меѓу 80 и 90 години, и дека тие ќе траат по 10, 35, па дури и 50 години. Шансите за 35-годишна суша во следните 100 години е од 20 до 50 отсто, а за 50-годишната од 5 до 10 отсто. Иако истражувањето првенствено се однесува на југозападот на САД, областите на Калифорнија, Невада, Аризона и Ново Мексико, сличен ефект се очекува низ целиот свет, а последиците од тоа нема да ги чувствуваат само жителите на погодените региони туку целиот свет. Имено, мегасушите претставуваат сериозна закана за светската економија и глобалните резерви на храна.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top