Насловна / Архитектура / Светлосна поетика во новиот дел на Училиштето за уметност во Глазгов

Светлосна поетика во новиот дел на Училиштето за уметност во Глазгов

1

Американскиот архитект Стивен Хол, во април 2014 г. ја комплетираше новата зграда на Училиштето за уметност во Глазгов, Шкотска, каде белиот геометриски волумен дополнет со мат-стакло се надоврзува на контрастот од декоративниот камен на старата зграда изведена од архитектот Чарлс Мекинтош.

Reid Building at The Glasgow School of Art, Steven Holl Architects from Steven Holl Architects on Vimeo.

3 2

Новиот продолжен дел од Стивен Хол, содржи современи студија за уметност а е дизајниран да гради симбиотски однос со историското ремек-дело на Мекинтош од 1909 година.

4 5

Новиот петкатен дел се обвиткува околу стариот каменест трикатен волумен во кој е сместена студентската унија. Една од најглавните цели е да се донесе колку што е можно светлина во објектот.

6 7

- Ги проучив сите начини на кои светлината влегува во објектот на Мекинтош и открив многу интересни нешта. Затоа, распоредивме три цилиндрични шахти со стаклени елементи кои се протегаат право надолу од покривот кон подрумот, кои ние ги нарековме „светлински празнини“. Ние направивме трансфер на овие празнини во бетонот, кои ќе ја подигнат градбата, ќе донесат светлина и циркулација на воздух. Тие нудат толку можности за градбата – објаснува Стивен Хол.

12 9 8

Внатрешните простори се исто така создадени да ги почитуваат светлосните барања, па затоа поголемиот број на студија и работилници се поставени долж северното крило, каде ќе добиваат поголемо количество индиректна сончева светлина.

10

Glasgow-School-of-Art-by-Steven-Holl

Централната мрежа на скалишни јадра и рампи се протега околу, покрај и низ трите светлосни цилиндри, со што се овозможува лесна комуникација во рамки на објектот.

15 13

Еден коментар

  1. Bas e dobar izborot na proektot. Osvezuvacki !!!

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top