Насловна / Архитектура / Студентски конкурс за избор за најдобро решение за обнова на фасадни површини на објекти во сопственост на Цементарница Усје АД Скопје

Студентски конкурс за избор за најдобро решение за обнова на фасадни површини на објекти во сопственост на Цементарница Усје АД Скопје

Отворен е конкурс за студентите од Архитектонски факултет, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, за избор на најдобро решение за обнова на фасадни површини на објекти во сопственост на Цементарница Усје АД Скопје, Групација Титан.

Цементарница Усје АД Скопје, како општествено одговорна компанија, свесна за своето значење во економијата на градот, и за влијанието врз животната средина заради активностите кои ги изведува на својата локација, континуирано ги подобрува технологиите и процедурите на производство, како и транспарентноста на својата работа, преку отвореност за мониторинг и соработка со институциите и жителите на градот. Во правец на ваквата стратегија за работа и соработка, Цементарница Усје АД Скопје иницира проект за обнова на фасадни површини, со цел визуелно да ја подобри сликата за дел од објектите и инсталациите, кои се највидливи од околниот простор.

КОНКУРСНА ЗАДАЧА

Конкурсното решение треба да даде предлог за обнова на фасадите, преку архитектонски предлози за површинска обработка, колоритно решение и ноќно осветлување.

Решението треба да ги содржи следните графички и текстуални прилози: фасади во размер 1:200, перспективни прикази и три фото-монтажи на предложеното решение на фотографии кои ќе бидат дел од конкурсниот материјал и кусо текстуално образложение на предложеното решение (не повеќе од 500 зборови).

Прилозите треба да се предадат отпечатени на хамер со димензии 100/70 см. Бројот на листови е ограничен на пет.

Материјалите за конкурсот може да се подигнат од WEB страната на Архитектонски факултет Скопје, www.arh.ukim.edu.mk. Материјалите ги содржат следните графички прилози: фасади на постоечка сосотојба, три фотографии за фото-монтажа и објаснување за конкурсните услови.PLAKAT-TITAN-KONKURS

КОНКУРСНИ УСЛОВИ

Конкурсот е анонимен, а право на учество имаат студентите од Архитектонски факултет, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. Учесниците на конкурсот се пријавуваат со шифра. Секој учесник има право да учествува со повеќе трудови.

Трудот се предава со шифра од максимум пет букви, испечатена во горниот десен агол на секој од листовите. Ако некој студент учествува со повеќе трудови, сите треба да бидат означени со различна шифра.

Податоците за авторот се наведуваат во посебен затворен коверт со назнака „Автор“ и назначен со истата шифра. Податоците за авторот поставени внатре во ковертот треба да содржат име и презиме на студентот, број на индекс и контакт (мејл адреса и телефон). Затвотениот коверт со податоци за авторот да биде прикачен за трудот, како истиот не би се изгубил.

НАГРАДИ

На конкурсот ќе бидат доделени три награди (прва, втора и трета) и два откупа (прв и втор), со следниот паричен износ.

Прва награда 25.000,00 денари

Втора награда 15.000,00 денари

Трета награда 10.000,00 денари

Прв откуп 5.000,00 денари

Втор откуп 5.000,00 денари

Прво наградениот конкурсен труд, ќе биде основа за изработка на Изведбен проект, после што ќе следи реализација на проектот. Авторот на прво наградениот труд, ќе има можност активно да учествува во изработката на Изведбениот проект.

РОКОВИ ЗА ИЗРАБОТКА НА КОНКУРСНОТО РЕШЕНИЕ И ПРАТЕЧКИ АКТИВНОСТИ

Рокот за изработка на конкурсното решение започнува со објавување на овој Конкурс на WEB страната и на огласните табли на Архитектонски факултет Скопје, на 06 ноември 2017.

Организирана посета на локација, во придружба со вработени во Цементарница Усје Скопје, на 15 ноември во 10:00 (собирно место: главен влез).

Конкурсното решение се доставува во просториите на деканатот, најкасно до 06 декември 2017 година заклучно со 14.00 часот.

Пет члената жири комисија ќе ја заврши својата работа со објавување на резултатите од конкурсот во рок од 20 дена од крајниот рок за предавање на конкурсното решение.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на WEB страната на Архитектонски факултет Скопје, на 26 декември 2017 и на огласната табла пред просториите на деканатот.

Сите конкурсни трудови кои ќе пристигнат до крајниот рок за предавње, ќе бидат претставени на пошироката јавност, на изложба во просториите на факултетот во јануари 2018 година (датумот ќе биде дополнително објавен).

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Учесниците на конкурсот за сите нејаснотии и дилеми, може да постават прашања до 16 ноември, на кои ќе им биде одговорено во рок од 5 (пет) дена. Сите поставени прашања и одговорите на истите ќе бидат објавени на WEB страната на Архитектонски факултет Скопје, на 21 ноември.

Прашањата се поставуваат на следната E-mail адреса konkurs@arh.ukim.edu.mk

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top