Насловна / Вести / Студенчишко блато треба да се конзервира и заштити а не да има градежни активности

Студенчишко блато треба да се конзервира и заштити а не да има градежни активности

Според претседателот на Европскиот огранок на Светското друштво на научници за блатни екосистеми д-р Јос Ферхуфен „Студенчишко блато е последниот зачуван блатен систем на Охридското Езеро и треба да се конзервира и заштити, што значи дека тука не треба да има градежни активности“, информира Ohridnews.

Ферхуфен истакна дека се уште има шанса да се зачува Студенчишко блато, каде живеат голем број птици и животни.студ.блато

Еминентниот научник вели дека Студенчишко блато веќе има претрпено многу штета и дека од исклучителна важност е тоа да се ревитализира. Смета дека граѓаните недоволно се запознаени со неговото значење и дека на тоа исто така треба да се работи во иднина.

„Многу би помогнало доколку граѓаните и гостите знаат повеќе за ова блато, да се едуцираат, за што размислуваме тука да се отвори центар за посетители и да им се покаже на луѓето како функционира овој систем. Тој би имал и туристичка намена. Тоа е еден од начините за одржлив развој, односно за заштита на животната средина и екномска придобивка“, истакне д-р Ферхуфен.

Благодарение на заложбите на проф. Ферхуфен, Охрид беше избран за домаќин на годишниот конгрес на Европскиот огранок на Светското друштво на научници за блатни екосистеми за 2018 година, кој ќе биде организиран во соработка со Хидробиолошкиот завод и Охрид ЅОЅ.

Испрати коментар

Scroll To Top