Насловна / Вести / Стратегија и синергија

Стратегија и синергија

Inzeneri1

 Како резултат на нелојалната конкуренција, државниот протекционизам, дефектниот систем за јавни набавки, непочитувањето на законски утврдените компетенции и одговорности и други слични појави, професионалниот амбиент во македонското инженерство е задушен и одржлив само за најотпорните. На подолг период оваа состојба придонесе и за маргинализација на нашата струка заменувајќи ги вистинските со квази-вредности по најниска цена.

Дали заслужуваме подобро? – Каков и да е одоворот на ова прашање тој не нѐ амнестира од одговорноста бидејќи таа е колективна, а обврската за напредување во инженерството е индивидуална. Кај нас веќе подолго отсуствува експертска дебата иако постојат голем број отворени прашања. Помеѓу најзначајните е сигурно и онаа за потребата од воведување ценовник за инженерски услуги, потоа потребни се измени во многу критикуваниот Закон за градење и урбанизам, исто така и промени во Законот за јавни набавки кој ќе го наградува наместо казнува квалитетот, и уште многу други кои се витални за напредокот на нашата професија. Час поскоро е потребна мобилизација на стручната јавност во професионалните здруженија и организации со единствена цел да се иницираат нови, одржливи, решенија и мерки за унапредување на инженерството.

Во услови кога глобализацијата е наша реалност, мултидисциплинарноста треба да се прифати како новата компаративна предност за водење бизнис, а иновативноста или индивидуалниот пристап како единствено решение за успех. За опстанок на пазарот денеска потребни се брзотрансформирачки претприемачи кои можат да се адаптираат на промените, мали и динамични претпријатија наместо компании –  гиганти со масовност и низок степен на професионални компетенции. „Joint venture” моделот за соработка треба да се промовира повеќе како можност преку која ќе се оствари трансфер на знаење и технологии од поискусните европски партнери. Паралелно на ова треба да се предложат и измени во законските решенија кои ќе го стимулираат развојот на мали и средни претпријатија, „start-up” бизниси и други механизми за поддршка на развојот во инженерскиот сектор.

Не помалку значајни се и реформите во образовниот систем затоа што професионалната компетентност е основа на секој напредок. Негативниот тренд за уписи на техничките факултети е јасен индикатор, според кој само една третина од младите се одлучуваат да студираат технички науки иако во подолг период постои сериозен дефицит од инженерски кадар. Од друга страна, пак, несериозно се прима сигналот од стопанството за потребата од практично обучени инженери, подготвени веднаш активно да се вклучат во производниот процес.

За да се унапредат професионалните компетенциите во ова динамично време, кога секојдневно се појавуваат нови технологии и техники, покрај формалната клучно е да се обезбеди континуирана едукација на инженерите. Иако „Пресинг“ како гласило на Комората ги информира своите читатели за современите трендови во инженерството, чинам е недоволно, потребно е интензивирање и продлабочување на понудата преку организирање професионални обуки.

За успешни реформи потребни се стратегија и синергија.

Сакајќи да го споделам својот оптимизам, апелирам досите инженери да не чекаат промените да се случат, туку да ги иницираат во своето најблиско опкружување. Така самите ќе го унапредиме инженерството!

 

проф. д-р Јосиф Јосифовски, Градежен факултет во Скопје

Главен и одговорен уредник на „Пресинг“

Еден коментар

  1. Nikolina Shandevska, dipl.grad.inzh.

    Posle chitanjeto na sodrzhinata na ovoj tekst, so posebna pochit kon tebe i tvoite dostignuvanja Josif, im zaviduvam na tvojata majka i na tvojot tatko i moj drugar i souchenik, koj vo sekoja prilika e sreken na tvoite uspesi. Nie sme generacija koja se izgraduvavme i postoevme vo vreme koga postoeva visoki normi, pogotovo na profesionalen plan. Tehnikata e nauka koja ne sekoj mozhe da ja razbere i svati! Zatoa apeliram na nivoto koe go imate, da ne dozvolite da se potcenime ! Podignete go glasot, zastanete ispred komorata koja e institucija za sobiranje na pari, pokazhete deka ne samo geodetite, ne samo ekonomistite, ne samo procenitelite postoime i nie gradezhnicite so propishani normi po odnos na vredmuvanjeto na inzhenerskiot trud. Nedozvolivo e statichar da proektira za 0,8 €/m2, a arhitektura da e 3€/m2!!! Toa e vrednosta na nashiot trud i znaenje vo ova drishtvo. Zhalosno!!!!!!! Iako sum pri kraj na moete rabotenje, jas sum se ushte aktivna vo mojata profesija, no ne mozham da pregoltam nekoi raboti za koi vie mladite, pogotovo vie od institucija nauka i edukacija, odnosno rasadnik na.kadri da bidete pasivni!! Pochituvajte si ja profesijata i trudot, i borete se. Inzhenerstvoto ne e lesna rabota. Pozdrav, Nikolina

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top