Насловна / Вести / „Стоунси“ на грамофонска плоча од бетон

„Стоунси“ на грамофонска плоча од бетон

Првата песна која е снимена на грамофонска плоча од бетон е (I can’t get no) Satisfaction од легендарните „Ролингстоунси“.

Заборавете на винил и поликарбонат, од коишто се прават вистинските плочи и ЦД-а.бетонска грамофонска плоча (2)

Новиот носач на звук е најраспостранетиот материјал во градежната индустрија – бетон! Рикардо Коцадаг од институтот BAM во Германија, користеjќи UHPC (Ultra high performance concrete) бетон направи грамофонска плоча, а на „Стонси“ им припадна честа да бидат први на неа. Симболиката, се разбира, не е случајна…бетонска грамофонска плоча

UHPC е мешавина од цемент, агрегати, специјални адитиви и вода, кои најчесто се користат за изградба на мостови и високи згради. Прилагодувајќи ја мешавината на своите потреби, Рикардо ја добил вистинската рецептура за изработка на бетон чијашто површина може да се контролира до микро нивоа – толку прецизно да по неа може да лизга грамофонска игла.бетонска грамофонска плоча (3)

Германскиот институт BAM (Bundesanstalt für Materialforschung und Prüfung) постојано работи на иновации и нови рецептури за бетонски мешавини со цел да се постигнат најдобри можни материјали кои ќе можат да се користат во различни и специфични услови.бетонска грамофонска плоча (4)

Фото: BAM

Испрати коментар

Scroll To Top